Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија во износ од 160 мегавати ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, информираат од Прес-службата на Владата.

Од таму додаваат дека „ТЕ-ТО“ АД Скопје, ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 април 2022 година до 15 април 2022 година.

Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, велат од Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.