Нема потреби граѓаните да прават залихи, кризата се смирува, велат од Витаминка, која ја поседува трговската марка „Брилијант“, маслото кое поскапе денеска.
Првиот квартал од годинава, Витаминка како компанија покажа одговорност поради економската криза и ја здржа цената на ниско ниво долг временски период. Претходната цена на Брилијант беше 125 денари за литар, со што внимаваме и важно ни е да нема големи ценовни скокови кон граѓаните. Но, изминативе недели ситуацијата се смени во однос на набавката на суровина од Бугарија и Украина, што останаа единствени алтернативни пазари за нас. Нерафинираното масло од овие пазари е со значително повисока цена што се одрази и врз малопродажната цена на маслото. И покрај покачувањето, цената на Брилијант е најниска од сите производители на масло на македонскиот пазар. Истовремено, компанијата доследно ги почитува препораките и се раководи според насоките на Владата за справување со економската криза.
Новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина, чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца цената се движеше од 1.200 до 1.500 евра за тон. Малопродажната цена на маслото, што е берзански производ, зависи од движењата на цените на светските берзи, велат од Витаминка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.