Управата за јавни приходи ги демантира наводите на ВМРО ДПМНЕ, кои денеска прес-конференција ги изнесе портпаролот Наум Стоилковски.

Во однос на посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека УЈП нема извршен поврат како што беше наведено од страна на ВМРО ДПМНЕ. Кај посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека по извршените контроли од страна на УЈП се преземени сите постапки. Обврзниците доставиле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди, (а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста). Износот од 22,000.000 евра кој го споменуваат од ВМРО ДПМНЕ е износ кој е објавен во листа на должници кој всушност преставува даночен долг, а не поврат и е врз основа на извршена контрола за барање на поврат на ДДВ. Информираме и дека побарани се податоци за патните исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен регистар и исто така известена е Управата за финансиска полиција за нивно запознавање и понатамошно постапување.

Апелираме јавноста да не потпаѓа на овие манипулации и да ги следи само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните институции. Во Управата за јавни приходи работат професионалци кои одлично си ја знаат работата и за сите обиди за било какви малверзации согласно со надлежностите си преземаат соодветни постапки, се наведува во демантот на УЈП на наводите на Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, стои во демантот на УЈП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.