Градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, објави дека испратил допис до Министерството за економија да ја прекине постапката за издавање на концесии за ископ на варовник на локалитетите Чифлик, Казан и Кожарево.

Градоначалникот вели дека добил известување за постапување на Министерството за Економија за доделување на концесии и покрај негативното мислење од страна на општината.

Трпковски информира дека направил увид во работата на министерството и констатирал дека сепак продолжува постапката за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на трите локалитети за минералната суровина.

Негативните мислења се издадени во периодот од 2019 до 2020 година на барање на локалните жители, а Трпковски во дописот наведува дека министерството ќе се соочи со негативна реакција од страна на граѓаните.

Секое продолжување на постапката и издавање на дозволи и согласности од Ваша страна кои се спротивни на доставените мислења од страна на општина Сопиште ќе предизвикаат негативни реакции од страна на граѓаните и нарушување на верба во системот од овие населени места и пошироко, се вели во дописот испратен од страна на Трпковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.