Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, објави реакција на прес конференцијата на Гоце Георгиевски од СДСМ.
Најнапред се извинувам што на овој голем Христијански празник зборуваме за политика наместо за љубов, разбирање и соживот, но не можам да не ја искоментирам на денешната парада од прес конференција на СДСМ.
Очекував дека денешната прес конференција ќе биде со сет на мерки за ублажување на ценовниот шок на основните прехрамбени производи наместо повици кои реализацијата ќе биде крајот на 2023 год. и нема да допринесат за подобрување на катастрофалната ситуација во земјоделството.
Почитувани елитисти од СДСМ, заради вашата неспособност, некадарност и бркање проценти од тендери денес нашите сограѓани јадат леб, масло, брашно поскапи за над 100%. Наместо да работите на стопирање на инфлацијата која од ден на ден вртоглаво расте, Вие си терате чист популизам и лична промоција – се наведува во реакцијата на Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.