Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска се обрати пред присутните граѓани на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината” во Македонски брод.
Тренчевска се осврна на политиките на владата,нагласуваји веднаш на почетокот на мандатот оваа влада ја зголеми минималната плата.
Од 2017 до денес минималната плата ја зголемивме 100%, од 9 илјади на 18 илјади. Затоа што работниците за нас се важни. Просечната плата постојано расте и сега изнесува 31.812 денари. Ветивме и реализиравме поголеми пензии. Само во текот на оваа година пензиите пораснаа за речиси 10%. Во март 2023 пензиите ќе пораснат за уште најмалку 7%, тоа е историски најголемо зголемување на пензиите – рече таа.
Тренчевска истана дека со новиот пакет антикризни мерки вреден 350 милиони евра им се помага на околу 200 илјади граѓани и на реалниот сектор.
Мислиме на сите ранливи категории на граѓани, обезбедуваме социјална сигурност за лицата со попреченост, посебен додаток за пензионери, стечајни работници, корисници на надоместок за телесно оштетување, нагласи Тренчевска.
Таа додава:
СДСМ е силна, државотворна, државничка партија со која е сигурна иднината на Македонија, на секој наш граѓанин, од нас зависи каква ќе биде иднината на нашата држава, дали ќе продолжи по овој вистинскиот пат или ќе се врати во мрачното минато, од нас зависи дали ќе продолжи концептот на повисоки плати, пензии и враќање на парите кај народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.