Топланата „Скопје-Север“ повторно не работи, па објектите кои се приклучени на системот на парно греење на оваа компанија, домаќинствата, образовните и здравствените установи, се без никакво греење. Поради студените радијатори денеска училиштата во општините Чаир и Бутел го прекинаа наставниот процес и ги ослободија учениците уште од вториот час. Наставниците велат дека во училниците е неподносливо студено.
Студот е неподнослив и за домаќинствата, иако редовно ги плаќаат сметките. Граѓаните велат дека често се случува да имаат прекин на парното греење. Некои од нив имаат мали деца, а некои и стари и болни членови во семејствата. Тие се снаоѓаат како знаат и умеат, користат греалки, но тоа значи дека ќе мора да плаќаат и високи сметки за струја, покрај тие за парно, кои редовно ги добиваат. Во градинките исто така се користат алтернативни извори за греење.
За да ја надмине финансиската криза, АД Скопје-Север побара наместо со гас, греењето да продолжи со мазут, но Град Скопје не дозволи.
Поради тоа што топланите немаат филтри, а гасот е достапен на пазарот, Министерството за животна средина забрани топланите да користат мазут или дизел како гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.