Не се сите бази исти! Искрено жалиме што како општество кое секојдневно исклучиво претендираме за приклучок кон развиениот Запад треба да се бавиме со реакции на валкани кампањи. Наместо како општествено одговорни да промовираме индустриско еколошки напредок во заштитата на животната средина со примена и имплементирање на најсовремени технологии како во случајов за рециклирање на отпаден и дотраен асфалт, посочуваат од компанијата „Топ Билд“, која ја гради асфалтната база во индустриската зона Визбегово.
„Ние браниме наместо да промовираме еколошки најсовремен проект кој влијае на унапредување на заштитата на животната средина на начин кој неколкукратно во еден исти процес ја заштитува животната средина, како и при повторната употреба на отпаден материјал како суровина за производство на нов производ наместо да се создава отпад, така и при намалената потреба за користење на друг материјал произведен со експлоатација на минералните суровини. Постројката која веќе ја прибавивме и увезовме во државата е произведена од реномиран Европски производител согласно Европските директиви и регулативи за заштита на животната средина како и најважното согласно нашето законодавство. Како за пример вакви постројки (Асфалтни Бази) се инсталирани во централни густо населени подрачја во западните метрополи Париз, Болоња, Милано, Њујорк и други.
Производителот е сериозно загрижен како за имиџот така и за владеење на правото. Невистина е дека бројките во елаборатот кој е одобрен со решение од Министерството за животна средина се фингирани, напротив тие се согласно сертификатот за екологија изготвен од реномираниот производител во кој се наведени отстапки по неколку пати помали од кај нас законски предвидените, додека едно од испитувањата при работењето на една ваква постројка во Швајцарија покажува за многу пати помали отстапки од кај нас дозволените со закон. Исто така невистина е дека во Г2 лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија не е дозволено да се гради асфалтна база, затоа што доколку секој заинтересиран го отвори правилникот за урбанистичко планирање ќе се увери дека токму тоа е предвидено во намената за градба. Предметнота локација е со намена Г2 согласно урбанистичката документација уште неколку години пред ние да го купиме земјиштето, кое беше објавено во јавна понуда во порталите за недвижнини кое како такво го привлече нашиот интерес.
Проектот е подржан од Европска комерцијална банка која подржува исклучиво зелени проекти согласно Европската програма за заштита на животната средина
Ние најодговорно тврдиме пред целата јавност дека прибавивме правосилно одобрение за градба во целосно законита и пролонгирана постапка од причина што истата страна изразуваше сомнеж за намерата и вршеше притисок како кон нас како домашен инвеститор така и кон институциите кои не подлегнаа кон истиот затоа што беа соочени со барања за селективна примена односно непримена на законите. До денес истиот притисок континуирано продолжува и нанесува огромни штети по работењето на компанијата.
Овој проект е подржан од Европска комерцијална банка која подржува исклучиво зелени проекти согласно Европската програма за заштита на животната средина.
Овие луѓе очигледно се изманипулирани од одреден извор кој поради некаков интерес има намера да ни нанесе штета со што ја довел оваа група во тешка заблуда за да се истата чуствува загрижена за личното здравје и живот и под страв за истото прибегнува кон кршење на законите и бара истите да се применуваат селективно. Не е прв пат група луѓе да се изманипулирани и како такви доведени во заблуда за нарушени човечки права и да протестираат кршејќи закони со барања до институции за селективна примена на закони. Чести се примерите во градот реномирани домашни инвеститори и институции да се изложени на притисок преку испровоцирани валкани активности.
Сите чинители во случајот се одговорни да не создадат непотребна пракса по кој пример ќе се охрабрат локалните заедници на кои не им се по вкус одредени градби и истите по овој преседан бесконечно да ги блокираат со што ќе навлеземе во еден хаос од кој тешко ќе движиме напред.
Овие луѓе кои кршејќи ги законите ни ги оневозможуваат основните човекови права и ни нанесуваат ненадоместливи штети веќе подолг временски период и самите се жртви и заложници на таа црна кампања која и ним им е подметната од на нив познат извор од кој самите ќе мораат да се ослободат и да го повикаат на одговорност.
Не е грев човек да се најде доведен во заблуда, но грев и крајно неодговорно е да не се отстапи по воочување на аргументите и фактите кои се единствено мерило за вистината, по што очекуваме извинување за јавно нарушениот имиџ.
Веруваме во правната држава и институциите на државата и ќе продолжиме да бараме остварување на нашите права со сите расположливи правни лекови и никако поинаку.
Непотребна е грижата на заедницата во Визбегово затоа што во нас добиваат општествено одговорен сосед и силен партнер во борбата за унапредување на инфраструктурата и заштитата на животната средина“, велат од „Топ Билд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.