Ако се погледнат бројките и трендовите и растот на минималната плата, убеден сум дека за покривање на минималната синдикална кошничка за март ќе ни требаат под две минимални плати“ рече министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција.
Ако во 2012 година требале 3,9 минимални плати, во 2013 и 2014 четири минимални плати, од 2017 до денес имаме само надолен тренд – рече Бектеши.
На прес-конференцијата министерот кажа дека ССМ од август минатата година, двојно ја пресметува инфлацијата во пресметката за минималната синдикална кошничка.
Во пресметката за минималната синдикална кошничка до август минатата година има седум елементи и на тоа се повикуваме ние во делот на креирање на политики, а и медиумите се повикуваа на тие информации. Во секој елемент од јануари до јули има зголемување на цените и износот во сите седум елементи, односно инфлација. Но од осмиот месец инфлацијата се пресметува два пати – рече Бектеши.
Тој додаде дека од август минатата година во минималната синдикална кошничка инфлацијата, односно поскапувањата се пресметуваат во секој елемент поединечно, каде што има покачување на цените, но и како поединечен елемент за трошоци за живот, односно инфлација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.