Штипскиот бизнисмен Кирил Гогов од вчера повеќе не е сопственик на ланецот маркети „Кит-Го“, откако официјално заврши превземањето од страна на косовската компанија „Вива Фреш“, пренесува „Фактор“.

„Вива Фреш“ е косовска компанија која се занимава со малопродажба во Косово и регионот, а во Скопје поседува еден хипермаркет во Топанско поле.

КИТ-ГО Штип во Македонија има 58 маркети од кои 5 се лоцирани во Скопје.

Со превземањето, Вива Фреш на пазарот со малопродажба ќе има концентрација од 13,22 отсто, според Комисијата за заштита од конкуренција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.