Регионалниот портал на албански јазик Шќипмедија, кој вчера објави вест дека косовската групација Вива фреш го купува македонскиот трговски синџир Тинекс, денеска пишува дека информацијата, која ја добил од извори во Тинекс, не била точна.

Нашиот портал во текот на вчерашниот ден ја објави веста дека косовската компанија постигнала договор за купување на компанијата Тинекс во Македонија и дека наскоро се очекува потпишување и официјализирање на продажбата. Нашите извори, кои беа од „Тинекс“, за македонските портали ги демантира менаџерот на Вива фреш, негирајќи дека е постигнат таков договор, објави денеска Шќипмедија.

Информацијата дека Вива фреш го купува Тинекс и со тоа станува најголем играч на македонскиот пазар ја пренесоа сите македонски медиуми и таа одекна како сензација во јавноста. Сепак, од локалниот менаџмент на косовската групација демантираат дека го купуваат македонскиот трговски ланец.

Вива фреш стор, најголемата трговска малопродажна компанија во Косово, има над 3.000 вработени и генерира годишни приходи од над 200 милиони долари. Косовската групација лани го купи македонскиот ланец супермаркети „Кит-Го“.

Веста ја демантираат и од Тинекс.

По објавената вест на порталот Shqipmedia на 20.9.2022 со наслов дека е постигнат договор за купопродажба на ланецот супермаркети Тинекс од страна на компанијата Вива фреш, вест која ја пренесоа многу македонски портали без да нè прашаат да ја потврдиме или демантираме веста создадоа збунувачка атмосфера во јавноста, меѓу вработените и соработниците. Компанијата Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје ја информира јавноста дека ниту Тинекс маркетите, ниту компанијата е во преговори со потенцијални купувачи а уште повеќе дека дошло и до договор за купопродажба. Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје кој управува со Тинекс маркетите и понатаму останува со единствениот сопственик Владимир Тодоровиќ, соопштија од македонската компанија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.