Вистинските резултати од измените на моделот за субвенционирање на земјоделците ќе се видат за две до три години, смета вицепремиерот Фатмир Битиќи. Во интервју за ТВ21 тој вели дека во 2023 година Владат презема реформи за субвенционирање на земјоделието, но моделот не може да ги даде ефектите за една година.
Тој додаде дека моделот воведен пред 13 години сега ги дава последиците.
-Се откажавме од козари коишто немаат кози. Но, исто така се извинувам што повеќе нема да субвенционираме лозари што немаат лозје. Сега парите ги насочуваме кон вистинските земјоделци и имаме енормен пораст на земјоделски површини засадени со најразлични производи, кажа вицепремиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.