Трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека пораст на трошоците на живот во однос на февруари има кај млекото за 7,3 проценти, јајцата за 6 проценти, свежото и разладеното овошје за 5,9 проценти, лебот и житата за 5 проценти, пивото за 2,9 проценти, маслото за 1,7 проценти, месото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,3 проценти, кафето, чајот, какаото за 1,2 проценти…

Пораст е забележан и кај гасот за домаќинствата за 8,2 проценти, течните горива за домаќинствата за 8,1 проценти, горивата за превозните средства за 6,1 проценти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.