Економските мерки и политики на СДСМ и Владата што ја предводи даваат резултат, велат од партијата. Додаваат дека со СДСМ, и во кризно време, платите растат многу побрзо и значително, што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза, за поддршка на животниот стандард за граѓаните.

СДСМ е на чекор кон исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари. За месец јануари 2022 година, просечната плата изнесува 29.980 денари, односно е за шест отсто повисока од истиот месец лани. Платите растат и во сите сектори. Минималната плата веќе ја зголемивме на 18.000 денари, што е двојно повеќе во однос на времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 8.800 денари. Освен покачувањето на платите, обезбедивме и пакет антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните и на компаниите и кои веќе даваат резултат. Сите овие реални, видливи резултати ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ. Во услови на најголема криза, СДСМ со вистински мерки и политики се грижи за животниот стандард на граѓаните, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.