СДСМ како одговорна партија презема мерки за зголемување на земјоделското произвдство во време на глобална економска криза и недостиг на основните прехранбени продукти на светскиот пазар, соопшти владејачката партија преку празничното соопштение до јавноста.

Информираат дека веќе е распишан Јавен повик за доделување на слободно земјоделско земјиште над три хектари, за одгледување на стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, рж, ориз, овес, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок.

Со оваа мерка се опфатени нови 5.722 хектари земјоделско земјиште, во 14 региони, кои ќе се доделуваат преку електронско јавно надавање.

Покрај оваа мерка на сила е и Интервентниот фонд првично проектиран на 250 а потоа проширен на 400 милиони денари со кои дополнително се стимулира домашното производство на храна.

Помошта и поддршката на земјоделците останува врвен приротет за Владата предводена од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.