Годинашниот Саем на мебел ќе се одржи од 29-ти март до втори април во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Оваа саемска манифестација поради ковид-пандемијата имаше пауза. Повеќе од 40 изложувачи ќе ја изложат својата програма вклучувајќи ги сите категории на опремување на ентериер.

На Саемот ќе биде понуден голем избор на мебел од домашни производители, интернационални брендови со специјални саемски понуди и попусти. Понудата вклучува гарнитури, фотелји, спални и детски соби, кујни, купатила, вградени плакари, осветлување, декоративни подлоги и се што е потребно за уредување на домот.

Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе пуштени во продажба преку платформите на: www.karti.com.mk и www.mktickets.mk.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.