Полико Авдиу, кој е шивач во компанијата „Текстил Солушн“ вели дека наишол на исти услови како во Германија и дека минималната плата од 18.000 денари е доволна за скромен живот.

Јас сум задоволен, 18 години работев во Германија и ја напуштив, среќата ме донесе во оваа фирма пред 8 години, условите се исти како во Германија. Ги гледам младите сите одат во Германија ама животот таму не е ист. Јас сум задоволен со минималната плата благодарение на премиерот кој најде компромис со синдикатот и работодавачите. Таа вечер многу се заблагодарував на премиерот што се најде компромис, 18.000 не се многу ама за скромен живот се доволни, мислам дека и понатаму ќе растат платите ако работиме повеќе – вели Авдиу.

Тој му честиташе на премиерот Димитар Ковачевски и на министерката Јованка Тренчевска кои денеска беа гости во компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.