Пратеникот Љупчо Пренџов преку статус на Фејсбук пишува дека доколку се промени цената на електрична енергија ќе се намали.

⛔️ Од Нова година поскапување на цената на струјата.

До Нова година ќе има поскапување на цената на гасот и парното. Тоа значи дека во следните 5 месеци ќе имаме два дополнителни турнуси на зголемување на цените во малопродажба.

⛔️ Војната во Украина е само еден ПОМАЛ дел кој влијае на зголемувањето на цената. Поголемиот дел е арамилакот во РЕК Битола, тендерите во четири очи, ”копањето” јаглен на фирмите на власта по 27-28 часа на ден (иако денот е 24ч) дозволувањето да се краде струја во цели градови и села за да се добијат гласови итн.

‼️ Деновиве видовме дека краделе и при набавките поврзани со пандемијата (“ратни профитери”), си купиле повеќе од 150 нови возила во време на 4 прогласени кризни состојби и сега ни соопштуваат дека и покрај тоа што треба да штедиме (и да готвиме во мали тенџериња), цената на струјата пак ќе оди нагоре.

🗣 СО ПРОМЕНАТА НА ВЛАСТА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЌЕ СЕ НАМАЛИ. НЕ ЗАТОА ШТО ИМАМЕ МАГИЧНО СТАПЧЕ ТУКУ ЗАТОА ШТО НЕМА ДА СЕ КРАДЕ ВО РЕК БИТОЛА И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ЦЕЛИ ГРАДОВИ И СЕЛА ДА НЕ ПЛАЌААТ СТРУЈА ВО ЗАМЕНА ЗА ГЛАСАЊЕ НА ЕДНА ИЛИ ДРУГА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА‼️



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.