Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д, порача на денешната прес конференција, Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип.
Иако знаеме колку скандали излегоа со тој закон од самата негова неуставност при носењето и одбирањето на една единствена компанија, иако слушаме постојано за надзорот при изградба каде разни сомнителни фирми ќе ги соберат 22,5 милиони евра само по однос надзор, сепак на власта и тоа и е малку и повторно се обидува и да го врати назад работното време и овој пат пазете со измени и дополнувања во ЗРО. Ова нешто веќе Уставен суд го оцени како неуставно воведувањето на прекувремена работа која е спротивна на Устав, на меѓу народно потпишани конвенции и позитивни законски одредби, вели Ампева.
Посочи дека со новите измени Министерството за труд и социјална политика бара да се воведе прекувремена работа подолго од 8 часа неделно за проект како што вели кој се сметал од стратешки интерес на државата, дополнително и работење во недела кое за жал репрезентативниот синдикат им го дозволи да мине како што мина и сега само имаме преку 40 неважни дејности кои им е дозволено да работат, а сега се додава и во овие Предлог измени и дополнувања.
Стратешки е да размислуваш на доброто на работниците, зачувување и ценење на работничкиот труд и благосостојба, а не да се враќаме во феудализам и налагаме неуставни измени во закон за така еден скандалозен проект како што е изградбата на коридорот 8 и 10. Така да со оваа прес-конференција да упатиме порака до властите, министрите и пратениците, нема да дозволиме нова штета на грбот на работниците, вели Ампева. Забележа дека има други работи кои треба да се сменат во Законот за работни односи, во законот за трговија, како што се заштита на бремени жени, поврзување на евиденцијата на работното време со институција, ефикасна борба против сива економија и неплатен труд.
– Напоменувам дека ова нема да помине, веќе успешна иницијатива имавме пред Уставен суд и да размислат добро зошто се на власт и зашто добиле мандат. Тоа не е за да намалуваат човекови и работнички права. Нема да дозволиме, порача Ампева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.