Над 4.400 работници во Сојузот на синдикати на Македонија пријавиле дека се уште не добиле регрес за годишен одмор, познат како К-15, објави Алсат телевизија.

Овие работници не се синдикално организирани во компаниите во кои работат, и тука е најголемиот проблем велат од  најголемото синдикално здружение ССМ, кои напоменуваат дека ќе им помогнат во борбата да ги остварат своите работнички права. Инспекторите веќе прочешлале поголем дел од газдите кои се уште не исплатиле К-15. Инспекторатот за труд веќе извршил близу 500 надзори и наложил дека 190 работодавачи мора да исплатат регрес на вработените. Онаму каде има синдикат во приватните форми,  засега нема поплаки.

Од кога ќе се задолжи работодавачот со оваа пријава од Државниот инспекторат за труд, истиот е должен не само да ја плати казната за неисплатен К-15 туку да го исплати и регресот за годишен одмор. Верувајте дека огромни се казните, не само парични туку следува и затворска казна од три месеци до една година за оние работодавачи кои направиле злоупотреба , или не исплатиле или го исплатиле и повторно го барале назад, да им се врати од страна на вработените“, вели за Алсат Иван Пешевски ССМ.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.