Петтиот столб на кој се заснова буџетот на земјоделскиот сектор е модернизацијата во земјоделството, која ја реализираме преку ИПАРД 3 Програмата, Проектот со поддршка од Светска Банка и нашите подмерки од мерка 121 „Модернизација во земјоделското стопнаство“ од Програмата за рурален развој, соопштија од МЗШВ.
Бележиме 95% реализација на средствата предвидени во ИПАРД 2 програмата, со склучени и веќе реализирани над 2.000 договори, што не позиционираше како земја лидер. Европската Комисија ги зголеми средствата во новата ИПАРД 3 програма за 62% со што, на располагање ќе имаме 97 милиони евра наменети за инвестиции во следните 7 години. Предвидуваме авансна исплата до 50% и го зголемуваме прагот на минимум прифатливите трошоци по проект. Успешната приказна на ИПАРД ја продолжуваме и во 2023 година.
Преку поддршка од Светска Банка го реализираме проектот за модернизација. Во 2023 ќе започне изградбата на трите откупни центри, во Ресен, Струмица и Скопје. Ова се три најголеми капитални проекти со кои се модернизира домашното земјоделство. Оваа година веќе ја започнавме постапката за проектирање и подготовка на урбанистичката документација за сите три откупни центри, а веќе е потпишан грантот за воспоставување на систем за безбедно отстранување на нус производи од животинско потекло. За прв пат, државата ќе изгради вакви современи објекти, како една од целите за модернизација, а системот за безбедно отстранување на нус производи од животинско потекло има и друга цел – ќе придонесе за намалување на стакленички гасови со што Македонија преку конкретна мерка ќе се приклучи кон агендата на климатски неутрална Европа.
Модернизацијата ќе ја спроведуваме и преку нашата мерка 121 од Програмата за рурален развој, која предвидува набавка на силоси, комбајни и сушари за ориз, какко и опрема за тутун, кои ќе ги кофинансираме до 600.000 денари. Ќе го поддржиме и интензивирањето на смарт земјоделство на набавка на модерни технологии во примарното производство, со кофинансирање до 600.000 денари. Поддршката за смарт земјоделство ќе овозможи набавка на современа опрема за контрола на влага, здравје на растенијата, контролирана употреба на пестициди, како и набавка на дронови и софтвери кои ќе се вградуваат во земјоделската механизација. Предвидени се и мерки за подобрување на пазарната конкурентност преку поддршка за маркетинг на земјоделските производи, наменета за набавка на специјални возила за директна продажба на земјоделски производи, со висина до 70% од прифатливите трошоци, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.