Пензионерите од Велес, со мирен протест во дворот на велешкото Здружение на пензионери и денеска, како и во петокот, се придружија на барањата на колегите од другите градови барајќи линеарно зголемување на пензиите, а не процентуално.

Во Општина Велес, заедно со Општините Градско и Чашка има околу девет илјади пензионери, а половината се со пензии до 15 илјади денари. Тие потенцираат дека со пензиите што ги добиваат не живеат, туку едвај преживуваат.

Како што информира за МИА, Веле Алексоски претседател на Велешкото здружение на пензионери, пензионерите бараат од септември да се изврши покачување на најниските пензии за 3.500 до 4 илјади денари, за да можат да преживеат пензионерите со најниски минимални пензии, а кои се и најбројни.

Инаку во Велес и велешкиот поширок регион има околу девет илјади пензионери од кои две илјади се трудови и инвалдски пензионери.

Алексоски потенцира дека 50 проценти од велешките пензионери земаат пензии до 16 илјади денари, пари со кои едвај можат да преживеат за да набават храна, лекови, огревни дрва и останати потреби за живеење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.