На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 2,60 долари во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 78,58 долари. Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар и се лизна на 74,01 долар.

Трговците се загрижени од зголемувањето на залихите во САД минатата недела, за 3,6 милиони барели, според владините податоци во Вашингтон, многу посилни отколку што очекуваа аналитичарите.

Производството останало на рекордни 13,2 милиони барели дневно.

Падот на цената на суровата нафта е во спротивност со проценките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), кои прогнозираат тесна понуда во четвртиот квартал, забележува Тамас Варга од PVM.

Економската активност на Кина зајакна во октомври, при што растот на продажбата на мало ги надмина очекувањата, но аналитичарите предвидуваа забавување на рафинериското производство поради послабата побарувачка за гориво и пониските маржи на рафинериите.

„Цените на нафтата моментално паѓаат и покрај навидум поволното опкружување, што доведува до заклучок дека инвеститорите едноставно не веруваат во проценките за „раст во четвртиот квартал“, а тие не беа поддржани од новите неделни извештаи на американската влада“, вели Варга.

Во посебен извештај, ОПЕК објави дека вчера цената на барел на нафтената кошничка на нејзините членки се намалила за 61 цент на 84,86 долари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.