Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, на полноќ се намалува малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ за 1,00 денар по литар. Малопродажната цена на бензите ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство останува иста.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,022 ден по кг и сега ќе изнесува 41,029 ден по кг.

Новата цена на дизел горивото ќе изнесува 70,00 денари по литар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.