НЛБ Банка денеска соопшти дека детектирала обиди за злоупотреба на податоци и сметки и апелира до нејзините клиенти да бидат особено внимателни при споделување на личните и банкарски податоци.
НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека заради детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки, кои Банката веднаш ги пресретна и спречи, треба да бидат особено внимателни при споделување на своите лични и банкарски податоци, се наведува во објавата на Фејсбук страната на Банката.
Од НЛБ апелираат до граѓаните со друго лице, дури и ако тоа се идентификува како претставник на Банката, да не ги споделуваат своите активациски кодови за електронско и мобилно банкарство, кодовите за интернет плаќања и ПИН кодовите од платежните картички.
Потенцираме дека споменатите податоци никогаш нема да им бидат побарани на клиентите од ниту едно лице вработено во НЛБ Банка. Апелираме до клиентите, каков било обид или злоупотреба на податоци, задолжително да го пријават на 02 / 15 600 или на info@nlb.mk., се вели во објавата од Банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.