Подобрување на условите за водење бизнис преку испорачување на највисок степен на квалитет во имплементација на клучните проекти што ги спроведува Царинската управа со финансиски средства од Светска банка.

Ова беше клучната порака на директорот Бобан Николовски на состанокот со тимот на Мисијата на Светска банка за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.

На состанокот беше истакнато дека имплементацијата на новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички што треба да придонесе за сузбивање на криминалот и олеснување на легалната трговија е во завршна фаза и наскоро ќе биде ставен во функција. Воедно интензивно се работи на проектите за реконструкција и надградба на граничните премини Деве Баир и Ќафасан.

Царинската управа под мое раководство ќе биде посветена на начин што проектите ќе се имплементираат со највисок степен на квалитет, при што пред спроведување на истите ќе се пристапува кон целосна анализа се со цел истите да резултираат со испорачување на ветените и очекуваните резултати“, вели Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.