Освен Србија, со дополнителни количини на пченица ќе нè снабдува и Бугарија, соопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски преку социјалните мрежи.

Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделие на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица. Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза, напиша Николовски.

На покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир Николовски учествуваше на министерската Конференција во Берлин која е во рамките на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.

На конференцијата министрите од Западен Балкан и претставниците од меѓународните организации дискутираа како заеднички да се надмине глобалнаta економска криза и моменталниот геополитички контекст, потенцирајќи дека заеднички ќе работата на имплементација на 5-те столба утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан.

На министерската конференција учествуваа сите министри од регионот,  претседавач беше германскиот министер за храна и земјоделство, Џем Оздемир а  копретседавач беше генерален секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG) Бобан Илиќ.

Министерот Николовски во рамки на Министерската Конференција го посети и меѓународниот саем посветен на свежи производи „FRUIT LOGISTICA“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.