Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на денешната прес-конференција кажа дека Македонија од лидер во регионот во делот на воздушниот собраќај некаде пред 10-15 години, во последниве години се соочува со намалување на бројот на летови, на бројот на дестинации и најважно на бројот на патници кои што доаѓаат во Македонија. Тоа според него се должи на бројни фактори кои дел се од објективен каратактер дел се од субјективен карактер но за истите треба да наоѓаме решенија во периодот кој следува.

Сакам да ја инфомирам јавноста за сет мерки кои што ќе ги превземеме за во текот на 2025 година треба да донесат во Македонија 200 илјади патници повеќе а во годините што следуваат тој број да се зголемува. Со новата програма која ќе започне од 1 јануари и ќе трае до 31. Декемеври 2027 година. Се планира сума од 125 милиони денари годишно односно ќе има зголемување на средствата. Се корегираат условите за авиокомпаниите што ќе учестуваат. Треба да имаат превезено најмалку 5 милиони патници и треба да имаат најмалку 10 милиони евра профит. Мора да се работи за сериозни авиокомпании. Се тргнува условот да линиите се опслужуваат и по завршувањето на суввенциите и ова е главната причина зошто се намалуваше бројот на патниците од аеродромите“, кажа Николоски.

Министерот посочи дека се воведуваат новини во субвенционирањет на авиокомпаниите.

Една од новитете која ја воведуваме е дека нема да се субвенциираат авиокомпании туку ќе се субвенцираат дестинации. Ја избегнуваме праксата која се субенцирааат 1, 2 или 3 авиокомпании. Со овој начин ја избегнуваме зависноста да субвенциораме една авиокомпанија. Отсега наместо по патник на заминување во Македонија субвенцинираме доаѓање во Македонија. Се зголемува поддршката. Ако претходно беше 7 евра поддршка по патник сега е 9 евра од скопскиот аеродром. Новите дестинации можат да бидат и надвор од ЕУ. Досега се субвенцинираа само аеродроми кои се наоѓаат во земјите во ЕУ, тоа одсега нема да биде така“ рече Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.