Сојузот на синдикати, владата и работодавачите не постигнаа договор за минимална плата.

и по три часа не успеаја да ги испеглаат разликите околу зголемувањето на истата, затоа што работодавачите излегоа со нови предлози.

Трите страни во економско-социјалниот дијалог се согласуваат дека е потребно зголемување на минималната плата, но колкаво никој за сега не кажува.

Синдикалците се револтирани затоа што работодавачите во „пет до 12“ излегле со барање да се смени методологијата за пресметка на минималната плaта.

Работодавачите одбија да го кажат износот, тврдejќи дека за висината на минималната плата немаат сопствени пресметки, туку ја чекаат владата да направи пресметка врз основа на нивните предлози. Но, од синдикатите веднаш ја направија пресметката, а тоа е износ од 16.242 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.