Носечки проект на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проектот таканаречен децентрализација на повеќе од 250 милиони евра од централниот буџет кон општините. Истовремено, овде од Струмица, сакам да упатам порака дека нема како владата на ДУИ и СДСМ да ги двоиме општините, градоначалникот бил од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот бил од СДСМ или ќе бил од БЕСА, Алијанса за Албанците, ДУИ или некој независен. Подеднакво ни е важен секој квадратен метар на територија на Македонија и секаде подеднакво сакаме да инвестираме и ќе инвестираме, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Струмица во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Затоа, тој го повика градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, да прави повеќе проекти, бидејќи планираат во Струмица да инвестираат надвор од буџетот на општината околу 6,5 милиони евра, односно 26 милиони евра од буџетот за четири години мандат во Струмица.
-И затоа, еве, ја користам оваа прилика од овде, од населено место Банско, да го повикам градоначалникот да прави проекти бидејќи веднаш после ребалансот односно формирањето на Владата и ребалансот планираме да упатите повик до сите општини во Македонија да достават проекти за да може владата да ги финансира, бидејќи луѓето во Македонија имаат суштински проблеми, немаат организирани канализациски системи, немаат водоводни системи, немаат асфалт, многумина немаат ни градинки, ни училишта и тие се многу потребни, посочи Мицкоски.
Додаде дека во оваа предкампања или во оваа таканаречена акција „Важно е! Од тебе зависат промените“ сакаат да упатат порака дека во промената треба да земе учество секој граѓанин. Како што рече Мицкоски за неколку месеци од денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формирала идната влада, но истовремено сакаат да повикат на мобилизација, на масовност, граѓаните да застанат заедно со ВМРО-ДПМНЕ затоа што голема победа со 61 пратеник ќе значела спроведување на реформи и трансформација на земјава, бидејќи на Македонија не и требале козметички реформи, туку суштински реформи со коишто ќе се трансформира како држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.