Денеска сум повторно во Ѓорче Петров заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и со нашата кандидатка на пратеничката листа, Габриела Калкова и градоначалникот, Александар Стојкоски, изјави Владо Мисајловски.
Денеска имаме убава можност тука во Ѓорче Петров да се сретнеме со повеќе компании да разговараме за сите предизвици, но исто така да ја претставиме и нашата програма, нашата Платформа каде предвидуваме илјадници проекти за подобар живот се разбира, но пред се за подобар стандард и подобра економија. Ќе разговараме за рамниот данок, ќе разговараме како да се зголеми продуктивноста на компаниите, но и за отворање на нови 50 илјади работни места.
Главниот фокус на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард, тука сме најмногу фокусирани и затоа сакаме да ги слушнеме компаниите кои се нивните маки, бидејќи овие 7 години имаа навистина многу предизвици, многу потешкотии и сакаме заеднички со нив партнерски да градиме однос во иднината каде навистина ќе им помогнеме со многу мерки од нашата програма.
Продолжуваме на терен секој еден ден да се среќаваме со луѓето, но се разбира и со сите бизнисмени компании за да можеме заеднички да направиме една заедничка победа бидејќи Македонија е за сите луѓе
Македонија треба повторно да биде твоја, а промените се во рацете на сите луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.