Министерството за финансии во октомври 2022 година со примена на мерките за заштеда на електрична енергија евидентира помала потрошувачка од 44 отсто во споредба со истиот месец во 2021 година.
Заштедата е резултат на примена на мерките, не само во централниот објект на Министерството за финансии, туку и во 34-те подрачни одделенија и 17 трезорски канцеларии низ целата држава, велат од Министерството за финансии.
Според податоците на министерството, во текот на октомври 2022 година биле потрошени помалку 100.000 киловат часови.
-Примената на мерките обезбеди заштеда на електрична енергија во текот на септември 2022 за 32 проценти, нагласуваат од министерството.
Оттаму истакнуваат дека вработените во Министерството за финансии ќе продолжат и во наредниот период со примената на воведените мерки, што, како што велат, овозможуваат рационално користење на ресурсите, а притоа непречено одвивање на целокупниот процес на работа.
-Мерките што ги презема Министерството за финансии се дел од пакетот што го усвои Владата со цел да се намали потрошувачката на електричната енергија кај државните и јавните институции, со цел да имаме сигурност и безбедност во снабдувањето со електрична енергија во текот на зимата. Пакетот содржеше и препораки за заштеди до населението и компаниите, велат од Министерството за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.