Во овој момент, во тек е ревизија од Државниот завод за ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските извештаи и услогласеност како и ревизија за успешност на капиталните инвестиции, соопштија во писмен допис од Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта, преку Надзорниот орган ангажира експрест за Фидик договори  преку кој треба да се обезбеди анализа на договорот како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево – Охрид.

Ова е потребно од причина што рокот за реализација на овој инфраструктурен проект завршува на 31 декември оваа година, а до тогаш Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта преку Владата на Република Македонија ќе донесат одлука со најсоодветното решение за дореализација на овој проект.

Дополнително, информираме дека појавени се единесет нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експрети кои ќе дадат предлог проектански решенија и мислење за целокупниот проект.

Реализацијата на овој проект е од стратешко значење за Република Македонија, истиот е дел од Коридор 8 како главен европски коридор. Приоритет на Владата на Македонија е завршување на овој проект и во таа насока ќе се преземат сите  активности за негова реализација, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.