Демант од Министерство за локална самоуправа

Информацијата што денес ја објавија повеќе медиуми повикувајќи се на официјални податоци од Владата дека Министерството за локална самоуправа потрошило за 79 отсто повеќе струја во септември оваа година во споредба со септември лани, содржи неточни и невистинити податоци.

Веста, за жал, се заснова на погрешни податоци содржани во официјалната Информација со споредбена анализа за потрошена електрична енергија од државните институции која беше усвоена на вчерашната седница на Владата. Според таа информација, Министерството за локална самоуправа во септември оваа година потрошило 14.908 киловатчасови, што е неточен податок.

Според евиденцијата во книговодството на Министерството за локална самоуправа – доставените фактури од ЕВН за периодот од 01.09.2022 до 30.09.2022 година министерството потрошило вкупно 4701,45 киловатчасови електрична енергија, а во споредбениот период од 01.09. до 30.09.2021 вкупно 8245 киловатчасови.

Тоа е значајно намалување или заштеда за 43 отсто електрична енергија, што го вбројува министерството во државните институции и министерства кои заштедиле најмногу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.