За време на официјалната посета на Република Албанија, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити реализираше значајна средба и со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро, информираат од МЖСПП.
-И честитав на министерката за извонредниот успех што Албанија го постигна во привлекувањето странски туристи, означувајќи го ова како важен поттик во развојот на туризмот и економскиот раст, како и во позитивната промоција во меѓународните медиуми, рекол Меџити на средбата со Кумбаро.
Тој, како што велат од МЗСПП, нагласил дека овој успех е многу важно искуство за нас, кое, како што рекол, ни помага подобро да се подготвиме за прием на туристи во текот на летната и зимската сезона.
-Земањето искуства од Албанија за привлекување странски туристи би имало значајно влијание и врз нашата земја. Затоа побарав да се продлабочи соработката меѓу двете земји, преку прекугранични проекти од заеднички интерес. Разговаравме и за животната средина и предизвиците со кои се соочуваме како две соседни земји и братските врски, особено за пожарите кои ги зафатија двете земји и предизвикаа значителни штети на шумите. Оваа состојба бара мобилизација за враќање на шумите во претходна состојба, рекол министерот Меџити на средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.