Денеска овдека во Кавадарци на наша огромна чест и задоволство градоначалникот на Кавадарци, господинот Митко Јанчев направи навистина еден убав настан кој што го одбележавме заедно со кавадарчани, со луѓето од Тиквешијата, но и со гостите кои што денеска се присутни овдека во Кавадарци, изјави Христијан Мицкоски.

Направивме закројување на лозјето, кое што симболички го направивме, цениме дека на овој начин ќе упатиме порака на обединување, на заедништво.

Но и истовремено ќе упатиме порака дека трудот на земјоделците, трудот на лозарите треба да се цени, да не се случува како што тоа беше на пати во минатото да трудот на лозарите не биде платен од страна на откупувачите, но и од страна на државата достоинствено онака како што тие луѓе заслужуваат. Бидејќи навистина маката и потта која што ја оставаат за да можат да произведат и едно зрно грозје е навистина голема, а со тоа да ги прехранат своите семејства во овие тешки услови на функционирање и на живеење.

Јас сум навистина задоволен што ја имав можноста еве денеска да бидам тука меѓу граѓаните и заедно со  граѓаните да го одбележиме овој голем ден за Тиквешијата и за лозаропроизводителите.

Така што уште еднашка сакам да им го честитам и да им посакам добар род, но и навистина достоинствени откупни цени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.