Законот кој што го предложи власта во парламентот со наслов Закон за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ содржи во својата структура услов кој што вели дека за да ги користи АД ЕСМ тие средства односно владата потребно е до крајот на 2023 да биде затворен Осломеј, а до 2027 година да биде затворен РЕК Битола. Што значи тоа? Тоа значи уште еден пуст град како Кичево и уште еден пуст регион како Пелагонискиот регион односно 4.000 луѓе, 4.000 семејства на улица и најмалку уште 40.000 кооперанти кој што зависат од работата на овие два производни капацитети на базна енергија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање денеска при посетата во Кисела Вода.
Претседателот Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи вакви анационални политики односно нема да поддржи со таков услов каде 4.000 луѓе ќе останат на улица.Исто така претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки во парламентот или популарно наречено филибастеринг овој закон да не помине.
ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи ова и ќе ја искористи својата можност на филибастеринг во парламентот затоа што се додека е ВМРО-ДПМНЕ живо, а ќе биде долго живо вакви анационални политики ние нема да поддржуваме, антинародни политики нема да поддржуваме и цениме дека тие пари нас не ни се потребни, ќе бараме други извори, а да бидеме уценувани со што ќе ја уништиме државата, со што ќе дозволиме енергетска асимилација на Македонија е неприфатливо. Така што бидете сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки во парламентот или популарно наречено филибастеринг овој закон да не помине, тоа треба да го знаат сите и заемодавачот тоа е Европската Банка и владата и сите треба да го знаат, со тој услов, со таа клаузала каде што 4.000 луѓе ќе останат на улица и уште 40.000 луѓе директно ќе бидат погодени затварање на РЕК Осломеј и РЕК Битола ВМРО-ДПМНЕ нема да се сложи односно се ќе направи тоа да не се случи, додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.