Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената наприродниот гас на светските берзи, од „Макпетрол“ АД Скопје известуваат дека цената на природниот гас за месец февруари ќе се намали за 40% за мегават час, во однос на цената за месец јануари оваа година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 41 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 123,50денари за килограм, односно новата цена ќе биде 82,50 денари за килограм или 58.40 денари за литар, велат од „Макпетрол“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.