Министерството за економија објави јавен оглас за надоместување на трошоци за домаќинства за изработена проектна документација за приклучок за надоместок за дистрибуција на природен гас за извршен приклучок на систем за дистрибуција на гас. Денеска надлежните од јавното претпријатие „Куманово Гас“ ги повикаа заинтересираните кумановци да направат приклучок и да аплицираат за субвенции коишто ги доделува Министерството за економија и општина Куманово.

Со оглед на фактот дека цената на приклучок на гас за домаќинство изнесува 800 евра во денарка противвредност, домаќинствата ќе бидат субвенционирани од мерките. Средствата ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за изработка на проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или изведба на приклучок на системот за дистрибуција на природен гас на домаќинства до 70 проценти, но не повеќе од 25.000 денари. И општина субвенционира 15.000 денари. Вкупно субвенции има до 40.000 денари – изјави директорот на ЈП „Куманово Гас“, Марко Митровски.

Документите потребни за апликација се наведени на страницата на министерството за економија. Од „Куманово гас“ ги повикаа кумановци за сите прашања да се обратат во нивните канцеларии спроти градскиот стадион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.