Денеска сме во посета на македонските општини од Истокот. Денеска сме во посета на Кочани. Со Платформата 1198 предвидуваме многу нови проекти, инвестициски бум во општините околу 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, информираше Драган Ковачки носител на изборната единица 3.

Според него, само за Кочани предвидени се 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат.

И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар, истакна Ковачки.

Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за прпекти реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.