Владата предводена од СДСМ работи на нова метдологија за покачување на пензиите, но и за дополнителна финасиска помош со цел надминување на последиците од енергетската криза, порача вечерва во интервју за Сител телевизија, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека зголемувањето на пензиите и пакетот мерки ќе бидат донесени преку дијалог со сите засегнати страни.

Ќе се работи на анализи и на нова методологија на усогласување на пензиите така како што има одредени предлози на асоцијациите на пензионери. И дополнително со оглед на тоа што се наоаѓаме во енергетска криза која што најмногу ги погаѓа најранливите ние веќе работиме и на анализа на дополнителна финансиска помош на пензионерите во време на криза, а нивото на поддршка, ќе го дадат анализите. Оние кои се најранливи, кои имаат најниски пензии, помошта ќе биде поголема и како што се зголемува нивото на пензиите така ќе биде нивелирана на пониско ниво за да можеме да го заштитиме животниот стандард на пензионерите- порача Ковачевски.

Осврнувајќи се на предлог законот за зголемување на пензиите, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Ковачевски оцени дека тоа е паушален предлог кој не се базира на никакви анализи.

Законот којшто ВМРО-ДПММЕ го поднесе, сметам дека е паушален, не знам дали е извадено од глава или од шешир тоа што го предлагаат бидејќи тоа не се базира на никакви анализи. Јас познавам многу еминентни економисти во опозицијата и не верувам дека тие тоа го предложиле, веројатно во некоја ПР служба го предложиле тоа решение – истакна Ковачевски.

Ковачевски посочи дека во изминатите неколку години Фондот на ПИОМ е консолидиран, дека е затворена финансиската дупка што ја остави ВМРО-ДПМНЕ и денес, ПИОМ дури и во време на криза, врши предвремена исплата неколку денови однапред за конкретниот месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.