Ние имаме обврска да го држиме кормилото на земјата во вистинскиот, европски правец и да ги спречиме сите обиди за негово попречување, затоа што постојат закани на европскиот пат на земјава. Левица и Димитар Апасиев, со опасниот популизам, со својата анти-НАТО и анти-ЕУ потпалувачка реторика е фактор кој работи на загрозување на европскиот пат, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на трибината организирана во Штип.
Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква идеја освен да шири лажни вести и деструкции.
-Самите го признаваат тоа. Вчера Николовски од ВМРО-ДПМНЕ по телевизии вели „план ќе ви кажеме кога ќе дојдеме на власт“. Па добро се слушаат ли што зборуваат. Немаат ниту план, немаат идеја, немаат визија за иднината и немаат понуда за граѓаните. Затоа Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво. Потпалувачките политики може да ја уништат иднината на земјата и да го попречат европскиот пат и ние тоа не смееме да го дозволиме, рече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.