Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање истакна дека навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните.

Како одговорна Влада уште од почетокот на својот мандат носеше антикризни пакети  и мерки кои беа оценети како позитивни и успешни надвор од меѓународните институции и затоа стои во извештајот. Само да ве потсетам во време на ковид кризата беа донесени 6 пакета антикризни мерки од 1,2 милијарди евра, а сега за време на војната во Украина нови пакети антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, дополнително не дозволивме ценовен шок за граѓаните во однос на електричната енергија со оглед на тоа што електричната енергија за сите граѓани беше субвенционирана со 80 проценти од страна на државата, државата треба да им се најде на граѓаните тогаш кога им е најтешко, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека се презедоа мерки и во однос на ограничувањето на цените и во однос на ригорозни и неселективни контроли во малопродажбата и големопродажбата.

Имаше уште една многу значајна работа, а тоа е зголемувањето на пензиите, порано пензионерите беа користени пред избори за еднократно зголемување на нивните пензии. Она што го ветив кога станав премиер е дека пензионерите нема да бидат ставени во позиција пред избори да им се зголемуваат пензиите туку ќе воведеме методологија која ќе даде вистинско зголемување тогаш кога податоците од Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата и за зголемување на инфлацијата и затоа оваа година која не е и нема да биде изборна година имаме историски најголеми зголемувања на пензиите. Тоа се работи кои време на најголема криза, со домаќинско работење овозможија прво да обезбедиме зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, зголемени социјални додатоци и зголемени додатоци за електрична енергија и зголемени субвенции за инвестиции, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека и во услови на криза продолжуваат странските инвестиции а младинската невработеност која беше 48%, сега е сведена на 28% затоа што сите активности кои се направени и во однос на гаранции и во однос на вработување и обуки на младите се во таа насока и тоа сега го гледаме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.