Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150%, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Одговарајќи на прашања на новинарите на конференцијата за енергетика МЕФ 2022 во Охрид, Ковачевски апелираше на поодговорни изјави од опозицијата и некои експерти кои даваат контрадикторни ставови и ја збунуваат јавноста.

Треба да заземат став: дали ЕСМ треба да работи пазарно и да ја продава електричната енергија на ‘ЕВН хоум’ по пазарна цена, значи по 300 евра/MWh, и во 2022 г. да има профит од 190 милиони евра, а поскапувањето за граѓаните да биде 150%, или треба да ја продава по 48 евра/MWh, поскапувањето да биде минимално – 7-8%, а државата да му помогне на ЕСМ со прераспределба на средства од буџетот да може да ги покрие трошоците за работа? Се создава конфузија, различни субјекти се обидуваа да најават големи поскапувања, сега критикуваат што нема поскапување, едноставно е неодговорно и несериозно да бидеме сведоци на тоа“, рече Ковачевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.