Во време кога Мицкоски е директор на ЕЛЕМ и советник во владата, цената на струјата се намалува за 0.5%, додека во време на СДСМ се зголемува за 32%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2015 година 1 киловат час електрична енергија чинел 4.47 денари, кога претседателот Христијан Мицкоски станува советник во влада и директор на ЕЛЕМ ја намалува цената на струјата на 4.45 денари за киловат час, за со СДСМ и пиунот Ковачевски денес да имаме зголемување од 31.9%, и 1 киловат час електрична енергија чини 5.87 денари.

Во 2017 година кога Мицкоски е директор на ЕЛЕМ 500 киловат часови потрошена струја чинела 2.225, а сега кога пиунот Ковачевски и неговиот ментор Заев се на власт 500 киловат часови струја чини 2.935 денари, велат од партијата.

Со покачувањето на струјата, мерка на пиунот Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, секое семејство плаќа по најмалку 700 денари повеќе за струја месечно отколку кога претседателот Мицкоски раководел со ЕЛЕМ.

Пиунот Ковачевски и СДСМ не можат да ги излажат граѓаните. Тие точно знаат колку ја плаќале струјата кога претседателот Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, а колку сега кога пиунот Ковачевски и неговиот ментор Заев владеат.

Со СДСМ струјата ќе станува се поскапа. Затоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.