Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски на вчерашната собраниската седница за поставување на пратенички прашања, постави прашања за што се трошат парите од пластичните кеси кои влегуваат во фондот за животна средина, нагласувајќи дека законот се применува неколку месеци а никој не знае каде одат парите, односно како што рече тој само 1 или 2 денари остануваат во маркетите, останатите одат во фондот за животна средина.
Имам две пратенички прашања. Првото прашање е до премиерот какви се фондовите за животната средина. Она што многу малку се дискутира е како се делат тие 15 денари? Од тие 15 денари 1 или 2 се за маркетите, остатокот влегува во фондот за животна средина. На месечно ниво тоа се 200.000 евра, а законот се применува веќе неколку месеци што значи дека влегуваат неколку милиони евра во фонд за кој што не знаеме како се трошат парите. И ова не го велам јас како пратеник од опозицијата туку луѓе навлезени во оваа проблематика кои кажуваат дека не можат да добијат информации како се трошат парите, згрозени од нетранспарентноста на владата и министерството. Затоа каде одат парите, како се искористуваат истите пари, праша Јаревски.
Во однос на безбедноста, Јаревски истакна дали граѓаните може да се чувствуваат безбедни на улиците кога две униформирани лица односно заменик началник се пука по улиците со началник.
Второто прашање ми е по однос на нашата безбедност. Дали премиерот или министерот за внатрешни работи се чувствува безбеден. Дали ние се чувствуваме безбедни кога имаме во 20 часот 200 повици кои ни кажуваат дека на километар два или три од местото на нашето живеалиште се пука, дали се чувствувате безбедно кога ќе ви кажат дека се пукал заменик началник со началник, две униформирани лица, праша Јаревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.