ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола потпиша договор за изградба на фотоволтаична централа со компанијата „КМГ ЕО КВАЗАР“ Дооел Скопје, со што стана првото јавно претпријатие во земјава кое гради фотоволтаична централа со сопствени средства.

Според договорот, централата ќе биде изградена и пуштена во употреба за 180 денови, а надзорот ќе го вршат експерти од Техничкиот факултет во Битола.

ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола во моментов стопанисува и со пет мали хидроцентрални од кои исто така се произведува електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.