Професорот Лазар Јовески, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија „Детектор“ на телевизија Сител каде што се презентираа и анализираа резултатите од последната нивна анкета за јавната администрација кои што покажуваат и превработеност на администрацијата и неазоволни државни службеници кои ја напуштаат службата, но и незадоволни корисници на услугите од државните институции.
При неговото гостување, Јовески исткна дека, човекот мора да биде во центарот при изготвување или имплементирање на било какви реформи, па и тие во јавната администрација затоа што Македонија нема премногу човечки потенција, а и тие малку луѓе што ги имаме, си замина од државата, затоа што за ефикасна и ефективна државна адимистрација не потребно само повисока плата за работниците, туку и вреднување, почитување и вклучување на работникот во работните и одлучувачките тимови од страна на надредениот во институцијата.
Зошто ние не работиме со талентите во ниту една сфера во Македонија, вклучително и со оние луѓе кои што се во одредени установи, министерства, организации во јавниот сектор, дали имаме вистински пристап во однос на оние луѓе кои што поинаку мислат од нас, дали ги ставаме приоритно во тимовите на одлучување, креирање на политики во одредена државна институција или ги маргинализираме, ги дискриминираме или им даваме отказ, затоа што само малку поинаку размислуваат од нас. Дали ние вистински се посветуваме на вложување во луѓето, во кадарот. Наградата на луѓето со плата е само еден сегмет, не е се во парите, не велам дека е мала работа, условите за работа и тоа како се битни, но и почитта е битна. Меѓу колегијалната соработка, уважувањето од раководителот на останатите нивоа во рамките на самата хиерархија и субординација во државниот орган и установата. Сето ова е нешто кое што во моментов недостасува во јавниот сектор, особено во одредени државни институции во Македонија и тоа не го кажувам на памет, тоа го кажувам на линија на анализа, на линија на укажувања од страна кои што ни даваат една многу јасна слика. Па и извештајот од Европската комија во ниту еден аспект ние немаме вистинска критика во однос на неквалитетни норми, туку секогаш и во изминатите години, критиката од ЕК оди во насока на имплементација на веќе постоечките одредби и норми“, истакна Јовески.
Toj посочи дека и идеален закон за раководна јавна служба или за административни слижбеници или за вработени во јавен сектор, не може да ги решиме овие суштински проблеми, законот не го решева суштинскиот проблем, а тоа е да сакаме ние да имаме ефикасна и функционална државна администација во Македонија која што ќе биде задоволна од тоа каде што е позиционирана, за да може да изпорача квалитетна услуга која што ќе влијае на високото задоволство на примателот на услугата, односно на граѓаните.
„И малку треба во овој дел посуштински да размислиме, бидејќи ниту новото законодавство, кое што ќе се креира, од кого и да се креира, ниту дигитализацијата, ниту автоматски покачување на платите на вработените ќе имплицира автоматски подобрување на услугите. Мора да се работи со луѓето, човекот мора да биде во центарот, Македонија е земја која што нема премногу човечки потенцијали, нашите луѓе, и онака малку на број, си одат од државата и тука е нашата суштинска, по мене стратешка, грешка во стратешкото планирање и развој на човечките потенцијали во Македонија, особено во јавниот сектор каде што ни одат луѓе. Веќе ќе нема луѓе ниту законите да ги креира, анализите да ги прави за да ги испорачува до Влада за одат до Собрание“, укажа Јовески.
Посочува дека за да имаме професионална државна јавна администрација и професионален административен службеник потребни се повеќе работи, но две се суштински, едната е неговата стручност, а втората е неговиот карактер и тоа го гради професионалниот однос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.