Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја изврши исплатата за мерката за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.
Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020, 2021 и 2022 година и тоа:
– За одобрен просек од 0 до 10.000 денари се исплаќаат 10.000 денари
– За одобрен просек од 10.000 до 20.000 денари се исплаќаат 20.000 денари
– За одобрен просек од 20.000 до 30.000 денари се исплаќаат 30.000 денари
– За одобрен просек од 30.000 денари до 40.000 денари се исплаќаат 40.000 денари
Вкупната исплатена финансиска поддршка за оваа категорија земјоделци изнесува 63.5 милиони денари за одобрени 3187 земјоделски стопанства
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.