Пак стари вести и стари оправдувања за неспособноста и нестручноста. Цитирам: – „Блокот 1 во РЕК Битола во краткотраен планиран прекин, за брзо ќе го вратиме во мрежа“, рече на денешната прес-конференција Горан Исков од ВМРО-ДПМНЕ.
-Како ништо да не се случило, како се да е во ред. Ништо не е во ред, гледате сами, слушате, и чувствувате на сопствениот грб. Вистинската вест би требало можеби да изгледа вака: „Ние од СДС како власт не сме способни да обезбедиме постојано производство на електрична енергија. И она што го произведуваме е едвај со разни прекини предизвикани од нашата нестручност и неспособност. Признаваме дека ниту еден ден немаме 100% производство на електрична енергија од инсталираниот капацитет. Народски кажано „не не бива“.” Доколку сакаат уште да бидат искрени треба дефинитивно гласно да признаат дека се способни само за криминал, корупција и крадење. А, простата логика вели ако РЕК не произведува доволно струја тогаш остатокот треба да го купуваме од некаде. И таа се купува по астрономски цени. Најчесто тоа се прави од фирми блиски на кланот Заеви, Анѓушеви. А, сите ние почитувани граѓани, сите ја плаќаме сметката за поскапа струја. Но, ајде да се вратиме на веста: Ние власта предводена од СДС имавме ваков планиран испад на блокот и пред да не посети премиерот по повод 40 годишнината од почетокот со работа на комбинатот. Но за да не се налути го почестивме со сендвич со мортадела и сокче од боровинки. И овде е крајот на веста.
После ова, почитувани од власта во демантот очекуваме на граѓаните да им го образложите следново:
1. Колку чини испад на еден блок;
2. Колку ќе не чини неработењето на блокот;
3.Колку не чини увезената струја за неработењето на блоковите, истакна Исков.
Така треба да изгледа вест од одговорна власт. Вие тоа не сте и треба веднаш да си заминете, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.